• (1) Кога градежното земјиште сопственост на Република Македонија наменето за изградба на објекти од јавен интерес се дава под долготраен закуп со непосредна спогодба, кон барањето се поднесуваат следниве докази:
    • - извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела, односно проект за инфраструктура со утвдрена површина за градење,
    • - геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела, односно површината за градење утврдена со проект за инфраструктура,
    • - имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,
    • - уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина и
    • - доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице.
  • (2) По добивање на барањето со доказите од ставот (1) на овој член, општината, општината во градот Скопје и градот Скопје, доставува барање до Владата на Република Македонија за давање на согласност за склучување на договор за долготраен закуп со непосредна спогодба.
  • (3) Владата на Република Македонија нема да даде согласност од ставот (2) на овој член, доколку утврди дека за давањето на градежното земјиште под долготраен закуп може да постои интерес од повеќе заинтересирани субјекти и истото може да се даде под долготраен закуп по пат на јавно наддавање.

Доколку сакате да го поднесето ова барање, задолжително превземете го образецот , пополнете го во електронска форма и истиот прикачете го заедно со останатата документација во соодветно обележаното поле.

Барањето го поднесувам до општина: